Малолетник нападнал 34-годишна жена во Тетово
Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово уапсиле малолетник од Тетово.
„Тој претходно бил пријавен од 34-годишна тетовка дека околу 17 часот во влезот од станбената зграда во која живеела, се нафрлил на неа, поради што таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Малолетникот е предаден на претставник од Центарот за социјални работи, по што бил префрлен во соодветна установа во Скопје. Се расчистува и документира случајот“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…