Грција доби привремен премиер: Нови избори во јуни
Високиот судски функционер Јанис Сармас е назначен за привремен премиер на Грција, кој ќе ја води владата до повторените избори на 25 јуни, по неодамнешното гласање на кое ниту една партија не го освои потребното мнозинство.
Сармас е претседател на Државниот совет, највисокиот управен суд во Грција, пренесува Ројтерс.
Партијата Нова демократија на актуелниот премиер Киријакос Мицотакис победи на минатонеделните избори со 40,8 отсто од гласовите, но не успеа да обезбеди целосно мнозинство за самостојно да формира влада.
На второ место според бројот на освоени гласови е левата партија Сириза која доби 20,1 отсто од гласовите, додека социјалистите ПАСОК-Кинала на чело со Никос Андрулакис се на трето место со 11,46 отсто од гласовите.
Трите најмоќни партии во земјата го отфрлија понудениот мандат за формирање влада, барајќи второ гласање на 25 јуни.
Мицотакис е убеден дека на новите избори неговата партија ќе го обезбеди потребниот број мандати во парламентот со 300 пратеници за самостојно да формира влада.
Според грчкиот Устав, ако преговорите за коалиција не успеат, претседателот назначува привремен премиер кој ќе ја води земјата до повторување на гласањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…