Фридом хаус: Граѓаните се разочарани од политичките елити
Скромен и речиси незначителен демократски напредок бележи Македонија во најновиот извештај на Фридом хаус „Нации во транзиција“ .
Државава на скалата од најниската оценка 1 до највисоката седум, е оценета со 3,86, за разлика од 3,82 која ја добила во ланскиот извештај. Подетално во бодувањето, во категоријата национално демократско владеење државата добила оценка 3.50, за изборен процес 4.50, за граѓанско општество 4,75, за независни медиуми 3,50, за локално демократско управување 4.25, за судска рамка и независност 3,25, додека за корупција била оценета со 3.25.
Извештајот нотира силна политичка поларизација и парламентарни блокади, кои го попречиле усвојувањето на законодавство на национално ниво во Македонија, но и подобрувања кај локалните власти во однос на транспарентноста, граѓанското учество и меѓуопштинската соработка, со позитивно влијание врз демократијата и исполнувањето на јавни услуги.
Бројките од анализите покажуваат разочараност кај земјите од Западен Балкан во однос на пристапувањето во Европската Унија. Па така, на прашањето дали членството во ЕУ го гледате како придобивка за вашата земја ? Србите се најскептични со 38%,додека Македонија е со 56%, Црна Гора со 50 отсто, Црна Гора со 57 проценти и највисоки очекувања има во Албанија со 89%.
На прашањето – Дали очекувате вашата земја до 2030 година да стане членка на ЕУ ? Позитивно одговориле 33% од граѓаните на Македонија, 32% во Србија, по 42% во Албанија и Босна и Херцеговина и 40 отсто од испитаниците во Црна Гора.
Извештајот нагласува дека ЕУ мора да го преиспита својот пристап и повторно да се ангажира на искрен начин, но оти „ националните лидери имаат обврска да го испорачаат демократскиот напредок за кој толку многу нивни граѓаните копнеат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од спонзорство на општинскиот клуб до паркинг-услуги…
Горан Герасимовски денес е потпретседател на СДСМ,…
Костовски до советниците од ДУИ и Влен…
Еднаш ќе отсуствувам од седница на совет…
Бугарија ја оданочува домашната ракија и забранува…
Новите даночни измени во Бугарија предизвикаа реакции…
Милатовиќ му одговори на Пленковиќ: Не е…
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави…
Ајде да видиме сега дали ќе крадете!…
Посебно кривично дело за злоупотреби при јавните…