Објавено на:

„Пласман на Рома во ЛШ би било чудо, како Исус да дојде во Рим и да шета низ Ватикан!“

t

Најконтроверзниот тренер на светот, Жозе Мурињо, кормиларот на Рома го демантираше спортскиот директор Тијаго Пинто, дека целта на „волчицата“ за оваа сезона бил пласманот во Лигата на шампионите, потенцирајќи дека тој такво ветување не дал, а ако се случи ќе биде – чудо над чудата.

Рома веќе се откажа од битката за ЛШ преку Серија А со шест меча без победа во низа, но пласман во мултимилионската елита е достижна ако ја победат Севилја во финалето во Лига Европа за седум дена во Будимпешта и го освојат пехарот.

„Кој рекол дека цел на Рома е ЛШ? Јас такво нешто не сум кажал. Јас секогаш се трудам да бидам искрен и не сакам да продавам магла. Никогаш не сум рекол дека сме кандидати за место во ЛШ. Јас за кое се борам во моментов е финалето. И во финалето се борам за финалето и за трофејот. Има тренери, играчи кои се среќни што само ќе играат финале. А, ние играме второ за две години и тоа за мене е голема сезона, без оглед на резултатот. Ние може да напишеме историја и сакам да продолжиме да пишуваме, но пласман во ЛШ со само седум милиони евра потрошени на трансфери е повеќе и од чудо. Исто е како Исус да дојде во Рим и да шета низ Ватикан“, рече Мурињо.

Рома е шеста во Серија А, четири бода зад четвртиот Милан на две кола до крајот, теоретски достижно, но многу нереално зашто сѐ во Рим е посветено на европското финале, а Португалецот веќе неколку кола игра со комбинирани тимови во италијанската елита.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инџиково без вода за пиење

Поради изведување водоводен приклучок во близина на…

Почина Васко Јолески, претседателот на „Храбро срце“…

Почина Васко Јолески од Струга, претседател на…

(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…

Протести поради растот на трошоците за живот,…

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…