Објавено на:

Путин: Западот си пукаше во нога

t

И покрај тоа што Русија ја нарекува агресор, Украина зема пари за транзит на енергетски производи од Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Два крака од гасоводот минуваат низ Украина: Киев затвори еден од нив. Ние не го направивме тоа. Патем, ние доставуваме гас во Европа преку другиот крак, а Украина, и покрај тоа што не нарекува агресор, мирно зема пари за транзит- рече рускиот лидер, нагласувајќи дека Русија целосно ги исполнува сите свои обврски

Тој истакна дека цените на енергенсите во Европа се приближуваат кон економски оправдано и праша што ја предизвика економската криза.

Кој е виновен за тоа што се случи? Тие го разнесоа Северен тек 1. Не го ставија во употреба Северен тек 2, Варшава ја затвори гасната рута Јамал-Европа низ Полска. Дали ние ја затворивме? – праша Путин на Евроазискиот економски Форум во Москва.

Како што додаде тој, Западот си пука во нога со тоа што ја спречува ЕУ да ги добива руските енергетски резерви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…