Масовна акција за чистење на главниот град: ЈП Комунална хигиена-Скопје неделава подигна вкупно 60 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини

t

Од почетокот на тековната седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 20 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад од обемна дива депонија лоцирана на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, во скопската општина Бутел.

Отстранети се и вкупно 40 кубни метри отпад од повеќе мини-депонии лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров, на улицата Владимир Полежиновски зад Универзалната сала, како и на улицата Самоилова, во близина на Амбасадата на САД.

Воедно, во текот на вчерашниот ден, Претпријатието спроведе миење и дезинфекција на садовите за одлагање на отпадот заедно со нивните микролокации, на штотуку реконструираната улица Даме Груев во скопската општина Центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец –…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Руската разузнавачка служба: САД бараат замена за…

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да…

(Видео) Апасиев: Ќе го избркаме секој пратеник…

Нема да се случи пратеник на Левица…

Ученици од Кавадарци продаваа крофни и организираа…

Младите хуманитарци од Кавадарци под името ,,Подари…

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија…

„Со цел да се зголеми подготвеноста на…