Кочанските југоносталгичари продефилираа низ улиците во градот со штафетата на младоста

t

Со дефиле по улиците во Кочани, и оваа година традиционално југоносталгичарите го одебележаа 25 мај, Денот на Младоста и роденденот на Јосип Броз Тито. Голем број учесници и оваа година беа дел од манифестација, носење штафета на младоста кои продолжуваат да ја негуваат традицијата и да ги слават деновите на кои се слави ликот и делото на Тито.

„Денеска како и секоја година и оваа го одбележавме денот на младоста 25 мај, со манифестација, со носење на штафетата, со коли низ градот. Имаше доволен број на учесници кои беа дел од манифестацијата. Само ние како здружение на граѓани „Јосип Броз Тито“ го прославуваме овој празник.

Ова традиција ќе продолжи да се негува и во иднина вели претседателот на кочанското здружение Јосип Броз Тито. Додава дека се очекува бројот на членови да расте во иднина, да се зачленат и млади граѓани кои ќе продолжат да ги слават сите празници и денови поврзани со Југославија.

Членовите на кочанското здружение секоја година на денот на смртта на Тито се во Белград, а ги одбележуваат сите денови и празници поврзани со Југославја и Тито. Кочанското здружение брои околу стотина членови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…