Ковачевски се сретна со Гир: Скринингот се одвива според утврдениот календар

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари тет-а-тет средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

„Во фокусот на средбата беа евроинтеграцискиот процес на Република Македонија, како и актуелните случувања и предизвици.

На средбата е потенцирана важноста од напредокот на евроинтеграциите, кој, како што беше оценето, ќе се одрази позитивно врз квалитетот на животот на граѓаните, како и врз сите сфери на општеството.

Во таа насока, потенцирано е дека скрининг процесот се одвива според предвидената динамика и календарот кој заеднички е утврден помеѓу Македонија и Европската Унија. Евроамбасадорот Гир ја потврди силната поддршка за евроинтеграцискиот процес на државата“, информираат од Владата во писмено соопштение испратено до медиумите.

„Заеднички е констатирано дека во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на земјава во Европската Унија. При тоа, премиерот Ковачевски на средбата истакна, дека продолжувањето кон европскиот пат е историска шанса која треба да се искористи сега. На средбата со евроамбасадорот Гир, премиерот потенцираше дека полноправното членство во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел, за која имаме поддршка и од стратешките партнери“, се додава во соопштението на владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…