(Видео) Десетина повредени во инцидентите во Косово: Се заканува ескалација на ситуацијата
Во болницата во Косовска Митровица е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани се повредени десетина лицa.
Во моментов ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична и се заканува да ескалира.
Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност.
Србите од Косово се собраа пред општината во Звечан, еден час по пладне, првичната ситуација беше мирна, но насобраните беа видно вознемирени кога се појавија припадници на „косовската“ полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…