Објавено на:

Белград ја разгледува можноста за прекин на преговорите со Приштина!

t

Државните власти наскоро ќе го разгледаат предлогот на Српската листа за прекин на дијалогот со Приштина, изјави министерот за одбрана и нов претседател на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ.


„Во однос на ситуацијата на Косово и Метохија, таа е многу драматична и тешка, и како граѓанин на Србија, како Србин, апсолутно ја разбирам пораката на Српската листа и на сите граѓани од српска националност на Косово и Метохија. Државните органи за краток временски период ќе ја разгледаат пораката на Српската листа што практично се случи или беше дефинирана додека траеше нашето собрание, па ќе дозволите тоа време да се разговара“, додаде тој.
Тој рече дека целта на политиката на Курти е етничко чистење на Србите или нивно намалување на „мал број што е прифатлив за нив“.


„Навистина е одвратно да се разговара со оние кои го осудија насилството на Курти по којзнае кој пат, а тој навистина не се грижи за нивните осуди и секогаш оди чекор понатаму и очигледно ја продолжува политиката на терор врз српската заедница во Косово, со Единствена цел е етичко чистење на КиМ од Србите, без никаква дилема“, рече Вучевиќ.
Тој ги повика Србите да не наседнуваат на провокации, да го избегнат сценариото дека се деструктивен фактор и да не му помагаат на Курти, јави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…