Објавено на:

По чај со Путин Лукашенко итно транспортиран во болница во Москва, состојбата е критична, открива белоруски опозиционер!

t

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, итно е примен во Централната клиничка болница во Москва. Ова го тврди белорускиот опозиционер Валери Цепкало во порака на својот профил на Телеграм.

„Според информациите со кои располагаме, а кои бараат дополнителна потврда, Лукашенко по состанокот зад затворени врати со Путин бил итно пренесен во Централната клиничка болница во Москва, каде што тој моментално се наоѓа. Најдобрите специјалисти биле испратени да го лекуваат поради состојба која лекарите дефинирана како критична.Извршено е прочистување на крвта“, напиша Цепкало.

Според него, состојбата на Лукашенко не дозволува тој да биде транспортиран.

Организираните мерки за спас на белорускиот диктатор имаа за цел да ги отфрлат шпекулациите за можна вмешаност на Кремљ во неговото труење“, појаснува опозиционерот. Тој ги повика западните лидери да се организираат и да разговараат за можноста за одржување избори.

„Инсистираме дека постоечките технологии се доволни за одржување фер избори во Белорусија во согласност со Универзалната декларација за човекови права. На овој начин ќе создадеме легитимна институција во очите на сите Белоруси и на светската заедница како целина. Одржување избори во таков итен момент не само што ќе помогне да се воспостави редот и законот во Белорусија, туку ќе се постават и темелите за стабилизација на ситуацијата на границите на Европската унија и на светот во целина“, апелира Валери Цепкало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко во Русија, со Путин ќе разговараат…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко пристигна во Русија,…

Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Лукашенко: Западот се подготвува да го пушти…

Белорускиот претседател рече дека Америка стои позади…

Лукашенко: Настаните во Украина се само почеток

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјавил дека…