Украина има сериозни шанси да направи пробив во текот на летото, вели Резников
Имаме сериозни шанси да направиме пробив во текот на летото, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за францускиот дневен весник „Вест-Франс“.
– Сакаме да ја скршиме волјата на Русите за победа во војната, рече Резников, нагласувајќи дека целта на контраофанзивата е Украина да ги врати своите територии „во меѓународно признаените граници од 1991 година, вклучувајќи го и Крим“.
Контраофанзива од големи размери „ќе доведе до ново повлекување на Русите од нашите територии“, прогнозира украинскиот министер.
„Вагнер“ користеше затвореници и за време на осуммесечната опсада на Бахмут беа убиени и ранети 60.000 луѓе“, изјави Резников за францускиот весник, без да прецизира дали станува збор за вкупните загуби на двата табора или не.
Во интервјуто, украинскиот министер за одбрана нагласува и дека на Украина итно и треба оружје од нејзините западни сојузници.
Резников изрази и надеж дека „до крајот на годината“ Киев ќе добие борбени авиони Ф-16 од американско производство, со чија помош украинските сили ќе можат да се спротивстават на руската авијација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…