ЕУ преиспитува дали Унгарија е способна да претседава следната година
Европскиот Парламент во четврток ќе ја разгледа способноста на Унгарија да претседава со 27-члената Европска унија следната година, имајќи ги предвид проблемите на земјата со владеењето на правото, се вели во нацрт парламентарната резолуција.
Задачата на државата претседавач со Европската Унија е да планира и претседава со состаноци на министрите и подготвителните тела на ЕУ, како и да ја претставува ЕУ во односите и врските со другите институции на ЕУ и меѓународните организации.
Претседателството е одговорно за ангажманот и работата на законодавството на ЕУ и мора да делува како фер и неутрален посредник, што е услов што Унгарија, поради бројните конфликти со ЕУ, нема да може да го исполни, се наведува во предлог парламентарната резолуција.
„Парламентот разгледува како Унгарија може веродостојно да ја исполни оваа задача во 2024 година, имајќи го предвид непочитувањето на правата и вредностите на ЕУ содржани во член 2 од Договорот за Европската унија и како може да се придржува до принципот на искрена соработка“, стои во предлог-резолуцијата, која ќе биде усвоена во четврток.
Во согласност со договорот на сите влади на ЕУ од 2016 година, Унгарија треба да претседава со блокот меѓу јули и декември 2024 година. Календарот е веќе променет поради пристапувањето на новите земји-членки, но друга промена, чија позадина е член проблемите на државите со почитување на владеењето на правото, би биле без преседан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија…
Заменик претседателот на Владата и министер за…