Манчестер јунајтед му плаќа милиони на Мегваер за да си оди!
Ерик тен Хаг не смета на Хари Мегваер, дефанзивецот треба да си пронајде нов клуб, а како дополнителен мотив, Манчестер јунајтед му нуди 10 милиони фунти за летоска да го напушти Олд Трафорд.
Манчестер јунајтед во 2019 го ангажираше Хари Мегваер од Лестер во зделка вредна околу 80 милиони фунти, рекордна сума за еден дефанзивец.
Но Англичанецот не ги оправда очекувањата и се покажа како големо трансфер промашување.
Ерик тен Хаг не смета на Хари Мегваер, тој е зад Рафаел Варан, Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф во изборот, па дури и Лук Шо често играше принудно како централен дефанзивец.
Хари Мегваер треба да си најде нов клуб и како дополнителен мотив, Манчестер јунајтед му нуди 10 милиони фунти за летоска да го напушти Олд Трафорд.
Англичанецот има неделна плата од 190.000 фунти, тешко дека на друго место ќе заработува толку, па „ѓаволите“ сакаат делумно да го компензираат со цел да издејствуаат трансфер.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Макрон: Доколку е потребно, протестите ќе бидат…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…