Бабунски избран за најдобар фудбалер во Дебрецин
Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски ја доби наградата за најдобар фудбалер во редовите на Дебрецин, откако сезонава постигна 13 гола и четири асистенции на 30 настапи за унгарската екипа која ја заврши сезоната на третото место во домашното првенство.
Дебрецин ја заврши сезоната на третата позиција и обезбеди место во европските купови идната сезона, а токму Бабунски беше еден од најзаслужните за тоа.
Бабунски со 13 голови заврши како трет стрелец во првенството, а пред него беа Дражиќ од Мезоковешд со еден гол повеќе, како и Варга од Пакс со дури 26 погодоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Макрон: Доколку е потребно, протестите ќе бидат…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Инџиково без вода за пиење
Поради изведување водоводен приклучок во близина на…
Почина Васко Јолески, претседателот на „Храбро срце“…
Почина Васко Јолески од Струга, претседател на…