Косовското МНР препорачува граѓаните на Косово да не патуваат во Србија
Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата.
„Поради ситуацијата што настана на северот на земјата, Министерството ги повикува сите граѓани да избегнуваат преминување низ Србија“, соопшти Министерството. Според нив, имаат извештаи „за апсење на државјани на Република Косово од страна на српските власти при нивното поминување низ Србија“. Во соопштението се додава дека „со тие случаи тесно се решава преку Канцеларијата за врски во Белград“.
„Имајќи ги предвид последните настани и почитувајќи го некоректниот пристап на српските власти, со цел да се избегне каков било инцидент, Министерството ги повикува граѓаните да користат алтернативни рути за патување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…