Веќе не сме земја во изолација туку фактор на стабилност, вели Спасовски
Ние веќе не сме земја во меѓународна изолација, имаме поддршка за опоравување на општеството од многу страни – станавме 30-та членка на НАТО, имаме стратешко партнерство со САД и почнавме преговори со ЕУ. Со овие партнерства и храбри државнички одлуки го заштитивме националниот идентитет, а со функционална политика на дијалог и разбирање Македонија стана фактор на стабилност на Западен Балкан, истакна во неговото интервју за српска “Политика” министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-Убеден сум дека ќе ја гарантираме безбедноста и стабилноста на територијалниот интегритет на државата, на регионално ниво, само со заокружување на евроатлантските интеграции на регионот и заокружување на демократската трансформација, вели Спасовски кој смета дека Македонија и Србија имаат одлични односи.
-Нашата соработка се карактеризира со одлични добрососедски односи и заедничка цел Западен Балкан да стане регион на постојан мир, целосно интегриран во ЕУ. Веќе немаме отворени прашања, градиме меѓусебна доверба, соработуваме како најблиски соседи и вистински искрени пријатели. Одлична е и меѓусебната соработка на полициско ниво, преку размена на оперативни знаења и заеднички активности, како и сузбивање на прекуграничниот криминал. Изминатиот период беше одбележан со интензивна соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“, како и преку Берлинскиот процес, но предизвиците од економската и енергетската криза ги надминавме и билатерално. Потпишавме заеднички договори во областа на енергетиката и инфраструктурата, што отвора нови перспективи. Од економски аспект, Србија е четврти трговски партнер на РМ. Секако, сето тоа може да се подобри за да има уште попозитивни ефекти за двете земји, вели Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…
Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…