Започна БАЛТОПС, голема воена вежба на НАТО во Балтичкото Море
Во Балтичкото Море почнаа големите заеднички вежби БАЛТОПС (Балтички операции) на членките на НАТО, кои ќе траат две недели, од 3 до 17 јуни, а на нив ќе учествуваат околу 6.000 војници од 20 земји.
Американската морнарица истакна дека вежбите се одвиваат под раководство на командантот на Шестата флота на американската морнарица.
Нивната цел е да ја зголемат интероперабилноста и координацијата на сојузничките сили, а планот е да се вежбаат сите аспекти од борбените операции на море, пренесува Танјуг.
Покрај 6.000 војници, ќе учествуваат и 50 бродови и околу 45 авиони и хеликоптери.
BALTOPS е најголемата мултинационална вежба во Балтичкото Море, која започна во 1972 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марк Руте: НАТО е тука и за…
На прес конференција пред почетокот на НАТО…
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
АРМ со вежба на Охридското езеро, апел…
Во периодот од 09 до 11 јуни…