Шолц ги убедува Германците: Поддршката за Германија нема алтернатива
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека нема алтернатива за поддршката на Украина, откако демонстрантите го прекинаа за време на говорот на собирот на неговата партија во Фалкензе, недалеку од Берлин.
Околу стотина проруски демонстранти се собраа денеска пред градското собрание во Фалкензе и извикуваа „воинственици“, „лажговци, „бандити“ и „Создадете мир без оружје“, барајќи прекин на воената помош за Украина, пишува „Киев Индепендент“.
Шолц возврати дека рускиот претседател Владимир Путин е вистински воин кој испрати 200.000 војници во Украина за да ја освојат и уништат.
Шолц, исто така, јасно стави до знаење дека не гледа алтернатива за поддршка на Украина, не само во принцип, туку и со оружје, со оглед на целосната инвазија на Русија.
Тој исто така истакна дека Русија под Путин убила многу цивили, меѓу кои и деца и постари лица, пренесува Танјуг.
Кога демонстрантите продолжија да викаат, Дитмар Вајдке, премиерот на Бранденбург, покраината во која се наоѓа Фалкензе, им порача „да продолжат со демонстрациите на Црвениот плоштад во Москва“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Судот одлучи дека Германија не смее да…
И покрај пресудата во корист на мигрантите…