Објавено на:

Лукашенко: Згрешивме што не ја нападнавме Украина пред 8-9 години

t

Единствената грешка на Русија и Белорусија беше што не го решивме ова прашање во 2014 или 2015 година, кога Украина немаше војска и не беше подготвена“, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко, објави „Политико”.

Во изјавата тој ја споменува 2014 година бидејќи тогаш Русија го нападна Крим и го анектираше, а нивните сили ја окупираа територијата на истокот на Украина.

Како што пишува „Политико”, коментарите на Лукашенко, дадени за време на средбата со шефовите на безбедносните агенции на Заедницата на независни држави, која ја сочинуваат поранешните советски земји, покажуваат дека тој целосно ја прифатил неговата трансформација во марионета на рускиот претседател Владимир Путин.

Во анализата уште стои дека нивниот однос „те сакам-те мразам” трае речиси три децении, а откако Кремљ му помогна во масовните улични протести што се одржаа по претседателските избори во 2020 година, белорускиот претседател одлучи да ги стави сите свои карти на Путин и на помошта за Москва да ја почне инвазијата на Украина лани во февруари.

Белорусија не е директно вклучена во војната во Украина, но ѝ дозволи на Русија да изврши напад од нејзина територија во февруари.

-Видовме дека ова (руската инвазија) доаѓа. Ако војната не почнеше минатата година, ќе почнеше утре, но со полоши услови за Русија и Белорусија, рекол Лукашенко во говорот во Минск.

Тој додава и дека единствената грешка што ја направиле е што не го решиле ова прашање во 2014 или 2015 година, кога Украина немала своја армија.

-Сакавме да го решиме по мирен пат. Меѓутоа, тие го искористија ова време да ги обучат своите вооружени сили, кои сега се подготвени за борба, изјавил Лукашенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата…

Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата…

Зеленски потврди дека Украинците започнале офанзива на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат…

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…