(Видео) Вкупниот долг, според последните бројки изнесува 65% од БДП, што треба да биде приоритет во претстојниот период?

t

Во суштина кога говориме за овие категории разликата меѓу државниот и јавниот долг е што покрај задолжувањата на државата во јавниот долг влегува и гарантираниот долг на државните компании, како ЈПДП каде се земаат дел од средствата за изградба на патишта.

Во долгот гарантиран од државата треба да се земе износот на гаранциите кои државата ги издава за локалната самоуправа, според тие параметри вкупниот долг изнесува некои 65% од БДП вклучувајчи ги и овие општински гаранции, објаснува во денешната епизода на МРЕЖА, поранешниот министер за финансии, Кирил Миновски.

-Има и други развиени држави кои имаат повисок процент на јавен долг во однос н БДП, но има и примери во регионот на многу ниско ниво на јавен долг, на пример Бугарија, од 24%, тоа остава поголем простор за задолжување на државата за капитални проекти. Ние не можеме да се споредуваме со САД, тие се водечка економија и тие го имаат доларот како резервна валута, нашата валута е врзана за износот на еврото.

Каков е потенцијалот на македонската економија, дали на долг рок тоа ниво на долгови кои треба да бидат вклучени во буџетот имаме капацитет да ги враќаме, тие параметри треба да се земат предвид кога се зборува за долгот. Сега ќе се издаваат народни, граѓански обврзници, ама треба да се види за која намена ќе бидат трошени тие пари, кој е повратокот на инвестирани средства, што ќе направиме со тие средства затоа што главно прашање е и висината на каматните стапки, парите стануваат се поскапи, дали е одржливо да се задолжуваме со толку високи каматни стапки.

Еден од главните приоритети во наредниот период е пред се контрола на фискалниот дефицит, контрола на трошење, стимулирање на капитални инвестиции што во изминатитот период не го видовме, објасни Миновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста…

Мицкоски изгубен во сопствените лаги - реалноста…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и…

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот…

Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…

Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

ПАД НА ПРОФИТОТ НА ВИЗЕР откако петтина…

Компанијата Виз Ер објави дека годишниот профит…