Нетанјаху го назначи за советник човекот кој рече дека Бајден ја уништува Америка
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за негов советник за медиуми го назначи Гилад Цвик, кој шири теории на заговор за изборна кражба во САД во 2020 година и го обвини американскиот претседател Џо Бајден за „уништување на Америка“.
Цвик, кој претходно работеше за конзервативната израелска ТВ Канал 14 и весникот „Израел Хајом“ (Израел денес), го критикуваше Бајден и изнесуваше лажни тврдења за тие избори, пишува денеска Харец.
Цвик тогаш на Твитер го означи Бајден како „врховен лидер“, индиректно споредувајќи го со лидерите на Северна Кореја и Иран.
„Медиумите прават се за да прикријат дека Бајден е неспособен, но Кинезите, Русите и Иранците не се глупави и многу добро разбираат дека никој не е надлежен во Вашингтон“, напиша новиот советник за медиуми на Нетанјаху во јули минатата година.
По победата на Бајден на претседателските избори, Цвик ги промовираше тврдењата на Доналд Трамп за изборна измама.
Новиот советник е назначен во време кога врските меѓу Израел и неговиот најблизок американски сојузник се напнати поради спорниот план на израелската влада за реформирање на судството и ултранационалистите во неа, кои носат политички одлуки за Палестинците и други чувствителни прашања.
Бајден јавно изрази загриженост поради планот на владата на Нетанјаху за реформи во правосудниот систем, што предизвика масовни протести во Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел призна дека го убил лидерот на…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по интензивните…
Можен прекин на огнот меѓу Израел и…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска отпатува во…
Новиот сириски лидер: Немаме намера да влегуваме…
Шефот на сириската бунтовничка група „Хајат Тахрир…
(Видео) Нетанјаху се пофали: Придонесовме во падот…
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во неделата…