Четиримесечно бебе кое се лекувало од варичела починало на Клиниката за детски болести?
Четиримесечно бебе, кое се лекувало од варичела, починало вчера на скопската Клиника за детски болести, дознава „Слободен печат“.
Според информациите, кои за Слободен печат ги потврдија лекари од клиниката, бебето од Гевгелија било примено во многу тешка состојба на крајот на минатиот месец, а по неколку дена било префрлено на интензивна нега.
Состојбата на доенчето се влошила и тоа развило запаление на мозокот (енцефалит), по што и покрај напорите на лекарите, тие не успеале да го спасат.
Педијатрите од клиниката велат дека не паметат ваков случај, во кој варичела предизвикала толку сериозна и опасна компликација кај мало дете, која завршила со смрт.
Варичелата или овчи сипаници е заболување предизвикано од вирусот херпес зостер, кое најчесто се јавува кај децата на возраст од 2 до 8 години. Таа е многу лесно пренослива, но обично не предизвикува сериозни компликации, особено кај децата. Кај нас вакцината против варичела не е вклучена во календарот за редовна имунизација, па огромен број од децата се заразуваат и ја прележуваат болеста уште во предадолесцентскиот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британец починал на Клиника, бил донесен во…
Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…
Приведена 19-годишна мајка која го оставила своето…
На територија на Карпош била пронајдена напуштена…
ЦДЦ: Украинците носат резистентни болеси во Европа
Бактериски резистентни инфекции кои се регистрирани на…
Тешко повредено бебе во градинка во Скопје
Родител во СВР Скопје вчера пријавил дека…
Познат кардиохирург го нападнал директорот и медицинска…
МВР информира дека денеска околу 10.00 часот…