Бебе продадено за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи: МВР поднесе кривични пријави против шест лица
Кривична пријава е поднесена против шест лица за организирање и реализирање на незаконско посвојување на новородено дете, во случај што го води Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.
Осомничени се Ф.А. (63) и Ѓ.К. (57) од Скопје, И.Ш. (35) и Џ.Ш. (35) од Скопје, како и С.Ј. (35) од Куманово и И.А. (38) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“.
Според истрагата, во периодот 2024–2025 година, првоосомничените користеле ранливи социјални и економски околности на мајката и ја убедиле да се откаже од своето новороденче, нудејќи ѝ финансиска помош и бенефиции.
Како што се наведува, мајката С.Ј., која живеела во вонбрачна заедница со И.А., била убедена да го предаде детето за надомест од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи.
По отпуст од болница, мајката и бебето биле преземени од Ф.А., по што новороденчето било однесено во домот на лицата кои се јавуваат како „посвоители“, И.Ш. и Џ.Ш.
Во текот на истрагата е утврдено и дека на 17.10.2025 година бил склучен договор за заем од 500 евра помеѓу Џ.Ш. и И.А., при што истата сума била исплатена како дел од договорот за незаконското предавање на детето.
Обвинителството оценува дека со ваквите дејствија е извршена тешка злоупотреба и заобиколување на законската процедура за посвојување, со цел стекнување противправна корист.
На осомничените им е определена мерка домашен притвор од страна на судија на претходна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…