Да се официјализира коалицијата: Претседателот на градска на ВМРО-ДПМНЕ со слоганот на СДСМ “Можеме”

t

Претседателот на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, почна да го користи слоганот на СДСМ од парламентарните избори во 2020 година.

-Моќта на еден народ е во неговото единство. Разединети и поделени сме им од корист само на оние кои ја сакаат Македонија на колена. ДУИ е канцерот на македонското општество и мора да се отстрани. Само со кохезијата на здравото ткиво ќе успееме.

Можеме. – напиша Христовски на Твитер.

Слоганот кој СДСМ го користеше инаку беше еден од најиссмеваните слогани токму од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, по вчерашната лидерска средба, премиерот Ковачевски изјави дека Мицкоски веќе не е против уставни измени, а самиот Мицкоски се согласува да ги гласа уставните измени за влез на Бугари во Уставот на РМ доколку биде дел од широка коалиција, односно влада, но без учество на ДУИ во исттаа.

ДУИ го прифати ваквиот предлог, а партиските органи на СДСМ ќе одлучуваат за ваквиот предлог на Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…