Осудениот за 27 април Алими: Само тој ден ми ги дадоа клучевите од Собранието
Абдилфета Алими, вработениот во Собранието кој беше осуден за предавањето на клучевите од портите на Собранието на 27 април 2017, неодамна излезе од затвор откако му заврши неколкугодишната казна и вечерва гостуваше во емисијата „Патот кон“ на Алсат. Тој рече дека претходно бил систематизиран и му било одредено да ги има клучевите од портите сам дента на „крвавиот четврток“.
„Тој ден бев систематизиран на тоа место. Никогаш претходно не бев таму 7 месеци, освен на критичниот ден. Не знаев за таквите игри. Со тие клучеви, средните врати никогаш не биле отворени. Знаете добро кој ги отвори вратите“, рече Алими.
Чуварот кој наедно дента се обиде да го спаси од претепување тогашниот пратеник и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека вратите не биле отворени со клучевите што ги предал.
„Му ги дадов клучевите затоа што беше супериорен и имаше политичка моќ. Тој беше телохранител на Трајко Вељановски. Во тоа време на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Но знајте дека со тие клучеви никогаш не биле отворени средните врати на Собранието. Добро знаете кој ги отвори вратите, тие што беа амнестирани“, изјави Алими
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…
Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…
Раст на деловната активност во Еврозоната во…
Деловната активност на еврозоната растеше со најбрзо…
Просечната нето плата во април изнесува 39.134…
Просечната нето плата во април изнесува 36.134…
Неочекуван пад на eкономската активност во Кина…
Индексот на менаџерите за набавка (PMI) во…
Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)
Овен Работа: Овој период ќе го означи…