Објавено на:

Комуналното претпријатие во Кочани во минус од речиси 80 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

t

КЈП “Водовод” Кочани има долг од речиси 80 милиони денари, објавија од политичката партија Левица.

-На 29 седница на Советот на општина Кочани беше поднесен Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“. Јавното претпријатие е во текот на минатата, 2022 година забележало негативно салдо од околу 70 милиони денара, а само во првиот квартал од оваа година е во загуба од 9 милиони денара!

Тоа што претпријатието е пропаднато во финансиска провалија не го спречи директорот Антонио Паунов да плати близу 1.250.000 денара за такси превоз за вработените, да исплати 1.250.000 денара за адвокати и нотари и да потроши дури 5.600.000 денара за привремени вработувања само во првиот триместар од тековната година! На крај, покрај ваквото раскалашено трошење тој денес излезе да бара покачување на цените за вода и комунални услуги.

Граѓаните не се должни да ги подмируваат штетите причинети од недомаќинското управување со јавното претпријатие!

На КЈП „Водовод“ му е неопходна итна ревизија и способен директор, а градоначалникот Љупчо Папазов да си ја поднесе одговорноста за негативното работење на „Водовод“ бидејќи токму тој назначува директор во јавното претпријатие. – велат од Левица.

За задолжената држава и долговите на јавните претпријатија, општини, Владата, зборувавме во претходната епизода на МРЕЖА. Детали за нашата задолжена држава може да слушнете на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

По 18 месеци од трагедијата во „Пулс“,…

Осумнаесет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“,…