Објавено на:

Вонредни парламентарни избори во Црна Гора: Милатовиќ очекува брзо формирање на нова Влада

t

Во Црна Гора се одржуваат вонредни парламентарни избори. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот. Излезност до 13 часот 28,1 отсто.

Според податоците на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), до 13 часот гласале 28,1 отсто од запишаните избирачи.

Во вториот круг од претседателските избори во април до 13 часот гласале 39 отсто од гласачите.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ денеска изјави дека очекува новата влада да биде формирана на брз, ефикасен начин и во согласност со изборната волја на граѓаните.

По гласањето на вонредните парламентарни избори тој изјави дека најважно е изборниот ден да помине мирно и согласно демократските стандарди.

Милатовиќ рече дека многу е важно граѓаните денеска да излезат на гласање, да го остварат своето право на глас и дека врз основа на тоа, Собранието на многу поадекватен начин ја отсликува политичката сила што во моментов постои во Црна Гора.

Тој порача дека новата влада треба да го продолжи реформскиот пат и да го забрза во некои области, пред се за подобрување на животниот стандард на граѓаните, владеење на правото и забрзување на европскиот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема победа на СНС во Белград: Листата…

Според проценките на Цесид и Ипсос, врз…

Најкрвавите избори во модерната историја на Мексико:…

Изборите во Мексико, кои ќе се одржат…

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

Владата одлучи: 24 април и 8 мај…

На 16. седница, Владата заклучи 24 април…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…