Објавено на:

Ќе влезат пред нас? Абазовиќ очекува Црна Гора да биде дел од ЕУ за четири години

t

Вечерва победи европска, граѓанска и еколошка Црна Гора, изјави синоќа премиерот на Црна Гора и лидер на ГП УРА и претставник на коалицијата „Храбро се броји“, Дритан Абазовиќ.

– Исклучително сме задоволни од резултатот. Оваа коалиција ќе биде главниот столб на Црна Гора, рече тој.

Целта е да изградиме инклузивно општество, нашата рака е подадена на сите оние што ја гледаат оваа земја во Европската унија за четири години, заклучи тој.

Тој им честиташе на сите партии.

– УРА и Демократите продолжуваат. Имаме многу работа. Целта е да станеме општество на компромис, порача Абазовиќ.

Како што додаде, не било важно што биле главната мета.

– Не е без причина. Но, во лесна атмосфера постигнавме добар резултат, истакна тој.

Вонредните парламентарни избори во Црна Гора се одржаа вчера со неочекувано слаба излезност. На изборите учествуваа 15 листи, а право на глас имаа 542.468 граѓани.

Движењето Европа сега, од каде доаѓа и новиот претседател Јаков Милатовиќ освои 26 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), додека коалицијата на Абазовиќ 13 отсто.

Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ освоила 22 отсто од гласовите, или 22 пратеници, иако на нејзината изборна листа по повеќе од три децении ги немаше Ѓукановиќ и неговите најблиски соработници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

68% од граѓаните би гласале ЗА членство…

68% од граѓаните на Република Македонија позитивно…

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Амбасадорите на ЕУ се согласија да забранат…

Амбасадорите на Европската унија се согласија да…