(Видео) Пукање во САД: Има загинати
Три лица се убиени, а повеќемина се ранети во пукотница која се случи вчера вечерта во дом во Анаполис, главниот град на Мериленд во САД, информирааат американските медиуми.
Началникот на полицијата во Анаполис, Едвард Џексон, на брифинг за медиумите изјави дека пукањето се должи на, како што рече, „меѓучовечки спор“ и дека нема дополнителна закана за јавната безбедност, јави АП.
Тој изјави дека убиените се на возраст од 20 до 50 години, како и дека уште не е утврден цврстиот мотив за пукањето. Тој додаде дека истрагата е во тек, а полицијата се обидува да утврди што точно се случило.
Голем број полициски автомобили биле забележани во станбена зона јужно од центарот на градот каде што се случило пукањето.
Полициската управа соопшти дека еден од повредените е префрлен на трауматологија, пренесуваат медиумите. Во соопштението се вели и дека еден осомничен е во притвор, а властите пронашле оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…