Објавено на:

Еврокомесар: Конфликтот во Украина може да трае неколку години

t

Европската унија се подготвува за фактот дека сегашната ситуација околу Украина ќе се пролонгира за неколку години, изјави европскиот комесар за прашања на внатрешниот пазар Тиери Бретон за радиото RMS.
„Подготвени сме војната да трае долго. Војните со висок интензитет на борбени операции на територијата на Европа, за жал, претходно траеја неколку години. Затоа се подготвуваме за тоа“, рече тој.

Бретон додаде дека се уште не се исцрпени можностите за воведување дополнителни санкции против Русија.
„Се разбира, можни се и други санкции, но никој не рече дека Украина ќе победи благодарение на санкциите. Во случај Украина да победи некогаш, ќе победи со воени средства да ги врати неправедно окупираните територии. Затоа Европската унија и сојузниците на Украина и обезбедуваат се што и е потребно за да победи“, рече еврокомесарот.

Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека западните земји секојдневно се повеќе се вклучуваат во конфликтот во Украина, но тоа нема радикално да ја промени ситуацијата, туку само ќе го продолжи конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Европа се соочува со нов раст на…

Европа повторно се соочува со летен топлотен…