(Видео) Бугарски служби посредувале за тајните средби меѓу Мицкоски и Ковачевски – Левица останува единствена опозиција
Двата пратеника на Левица остануваат единствена опозиција во Парламентот, тие се единствени од 120 пратеници кои во ниту еден момент не биле на власт со некој, вели во денешната епизода на Тешки муабети, портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.
-ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се апсолутно истата партија и сега тоа ја доживува својата кулминација. Ние добиваме луѓе на раководни позиции во ВМРО-ДПМНЕ, таму очигледно има загриженост за ситуацијата, ние на една прес-конференција објавивме дека Мицкоски и Ковачевски имале средби.
Несогласувањата, мора да се потенцира, не можеме да ги аболицираме оние кои не се соласуваат со раководството, тие не се бунат за да ја заштитат државата, туку за да не ги изгубат нивните позиции.
Изјавата на Муцунски, како што кажавме на втората прес-конференција, дека нема да има уставни измени беше за да проструи низ медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
Во посредништво со бугарски служби Мицкоски се среќавал со Ковачевски, тоа се информациите кои ние ги имаме, а се одвивале со цел промена на Уставот.
Во македонската јавност кога излегуваат информации за тајни средби на Заев со Мицкоски, јавноста не ги сфаќа сериозно. Мицкоски ја реализира широката коалиција која ја предлагаше Заев, ние влегуваме во нова криза на демократијата. Ќе недостасува опозиција, имаме еден делегитимиран премиер, Заев, тој изгуби на избори. Ние не отидовме на избори затоа што ВМРО-ДПМНЕ виде прилика да кохабитира со СДСМ, едните ги црпат државните, другите општинските пари. Потоа добивме нов делегитимиран премиер, Ковачевски и сега имаме инстанца каде што ќе добиеме нов нелегитимен премиер, Христијан Мицкоски.
Тоа беше очекувано, тој во изминатата година дена ги смени сите ставови за да дојде на власт.
Левица дефинитивно останува единствен претставник на сите граѓани во Македонија, вели Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…