Објавено на:

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, па пепелта ќе биде положена во семејниот мавзолеј

t

Телото на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде кремирано, а неговата пепел ќе биде положена во семејниот мавзолеј лоциран во вилата во италијанскиот град Аркоре, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на извор близок до семејството.

По државниот погреб, ковчегот со телото на Берлускони ќе биде вратен во вилата Сан Мартино, во близина на Милано, а телото ќе биде кремирано во крематориумот „Валенсијано Панта Реј“.

Берлускони првично го изградил мавзолејот за себе, за членовите на неговото семејство и пријателите, но дури подоцна дознал дека законот дозволува телата да се погребуваат само на јавни гробишта. Сепак, пепелта може да се стави во мавзолеј.

Берлускони почина пред два дена во болница во Милано, на 87-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, па…

Телото на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони…

Хоспитализиран поранешниот италијански премиер Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) е…

Кого ќе испрати Македонија на погребот на…

Македонската влада допрва треба да одлучи кој…

Сите големи светски лидери ќе присуствуваат на…

Додека Британија тагува за смртта на својот…

Месец дена по нејзината смрт, погребана Меделин…

Во Националната катедрала во Вашингтон се одржа…