Објавено на:

Украина со два шута до израмнување во Скопје

t

Репрезентациите на Македонија и Украина се судрија во третото коло на квалификациите за Европското првенство кое следната година се игра во Германија. Првиот дел во целост ѝ припадна на Македонија која дојде до двојна предност, а потоа малку се повлече. 

Украинците успеаја да дојдат до израмнување прелесно, практично од првите две вистински закани по голот на Столе Димитриевски. Првиот погодок дојде преку корнер во 62. минута, Тсиганков нафрли, а Илија Забарни со глава ја смести топката во мрежата. 

Македонија како физички да падна, а ривалот тоа го казни. Мудрик избори една тешка топка и ја префрли на спротивната страна, па откако никој немаше за да ја исфрли, на неа налета Јухим Коноплја кој со удар од шеснаесетникот погоди за 2-2 во 68. минута. 

Останува впечатокот дека нашите фудбалери прелесно ја прокоцкаа стекнатаат предност од првото полувреме.

Извор-Фото: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…