Путин: Украинските сили немаат шанса во контраофанзивата
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати пред учесниците на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, кој се почна на 14, а завршува денеска на 17 јуни.
На прашањето за војната во Украина, Путин рече дека војната во Украина ја започна украинскиот режим со поддршка на западните спонзори во 2014 година.
„Никој не сака да зборува за тоа, но морам да ве потсетам. Ние страдавме речиси девет години, а потоа нашите партнери јавно се откажаа од дипломатско решение и затоа прашањето мораше да се реши со воени средства“, рече Путин. .
Партнерите не ги влечевме за нос, туку обратно и тие го признаа тоа.
„Значи, бевме принудени да ги користиме вооружените сили“, рече тој, потсетувајќи на судбината на договорите од Минск.
Вооружените сили на Украина немаат шанси, истакна Путин.
„Украина презема нови контраофанзивни обиди, борбите се уште траат во моментов, конкретно во правец на Запорожје, но Киев нема шанси“, посочи рускиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…