Објавено на:

Песков: Германија си пука во нога

t

Германија, чија економска конкурентност се базираше на рускиот гас, ја следи американската политика на своја штета, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков се осврна на веста дека Германија во својата нова безбедносна стратегија ја означи Русија како најголема закана за светот.


„За жал, според сите проценки, Германија внатрешно одлучи цврсто да ги следи САД, како и цела Европа, да биде примерна членка на НАТО која, се разбира, ги извршува сите инструкции од Вашингтон“, изјави портпаролот на Кремљ.
Како што оцени, Германија тоа го прави „дури и на штета на интересите на своите граѓани, пукајќи си во нога“.


„Сите знаеме дека фантастичната конкурентност на германската индустрија, како што се испостави, во голема мера се засноваше на рускиот гас поради неговата цена, постојаните испораки и така натаму. И сега, кога Германија се лиши од тие конкурентски предности, тоа ќе има најмногу негативно влијание врз економијата“, изјави Песков на новинарот Павел Зарубин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…