Мајк Пенс: Русија нема да застане во Украина
Мајк Пенс, поранешниот потпретседател на САД и еден од кандидатите за претседателска номинација на Републиканската партија на изборите во 2024 година, смета дека е неопходно да се продолжи со поддршката за Украина, бидејќи очекува дека, доколку Киев биде поразен, руската армија ќе ја премине границата на една од земјите на НАТО.
„Очекувам дека ако Русија ја победи Украина, нема да помине долго пред руската војска да ја премине границата, кога нашите мажи и жени во униформи ќе треба да тргнат во битка“, рече тој во интервју за NBC News.
Пенс истакна дека може да се работи за преминување на границата на „сојузниците на НАТО – Полска, Естонија, Летонија, Литванија“.
Според американскиот претседателски кандидат, сегашниот скептицизам меѓу Американците во однос на воената поддршка за Украина е „одраз на недовербата во претседателот Џозеф Бајден како врховен командант“.
„Во наш национален интерес е руската војска да биде истисната од Украина, а не Џо Бајден да зборува за големи демократски цели“, рече Пенс, додавајќи дека тоа исто така ќе испрати сигнал до Кина за Тајван и за други места во азиско-пацифичкиот регион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…