„Земјо македонска“ во изведба на Огнен Здравковски, неофицијална химна со која се идентификуваат илјадници Македонци
„Земјо македонска“ во изведба на Огнен Здравковски е втората нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“ која јавноста веќе од денеска ќе има можност да ја слушне во етерот.
„Земјо македонска“, чиј комплетен автор е легендарната Васка Илиева, според многумина, е неофицијална химна со која се идентификуваат илјадници Македонци. Верзијата на Огнен, односно аранжманот, како и на целиот проект зад кој стои Скендеровски продукција, е со потписот на Николче Мицевски.
Се радувам што Скендеровски продукција се сети на нешто вакво, затоа што само така ќе ги научиме сите претставници на младата генерација да ги сакаат и негуваат овие песни. Чест и задоволство ми е да пеам македонски песни, особено патриотски, за нашата Македонија. Растен сум со музика и со убавата македонска песна. Дедо ми Наско Џорлев има напишано многу македнски рефрени од кои би сакал да одвојам неколку – „Не кажувај либе добра ноќ“, „Фато мори душманке“, „Во Струмица на улица“, „Кажи ле облаче бело“… Ја одбрав „Земјо македонска“ бидејќи ми е една од омилените патриотски песни, а имам и поврзаност со истата. Вујко ми Зоран Џорлев ја преработи по повод одбележувањето на 20-годишнината од независноста во 2011 година кога и ја изведе на централната прослава. Пресреќен сум што имав можност да учам од него да ја негувам, сакам и творам македонска музика. Ме учеше да си ја сакам, чувам и бранам татковината, тој, за жал, повеќе не е со нас, но пресреќен и горд сум што продолжувам по неговиот пат и ветувам дека гордо и со многу љубов и труд ќе го правам тоа“, вели Огнен.
Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот стои Скендеровски продукција, а „Македонијо во срце те носиме“ содржи 12 песни отпеани од 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Проектот има за цел да се возобноват најубавите македонски патриотски песни, да им се продолжи векот и да се приближат до младите генерации. Меѓу изведувачите освен Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски јавноста уште ќе ги чуе и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ …
Во склоп на проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Бангладеш ќе го назначи нобеловецот Јунус за…
Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин треба да…