Објавено на:

Синот на Бајден призна вина по две точки од федералното обвинение

t

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, ќе се изјасни за виновен по две точки од федералното обвинение, соопшти денеска американското Министерство за правда.

Синот на Бајден ќе се изјасни за виновен по две точки од обвинението за даночни прекршувања, се наведува во судската пријава во Делавер, пренесуваат светските медиуми.

Синот на американскиот претседател ќе ја признае вината кога ќе се појави на суд, а датумот се уште не е одреден.

Според договорот, Бајден влезе и во предистражна постапка за нелегално поседување оружје.

Обвиненијата против Хантер ги покрена Дејвид Вајс, американскиот обвинител од Делавер, кој беше ангажиран од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Хантер во декември 2020 година рече дека канцеларијата на Вајс го истражува неговото даночно прекршување, но тој негираше дека сторил нешто незаконско.

Истрагата на Вајс првично беше фокусирана на потенцијални даночни прекршувања и перење пари за време на деловните операции во странство, особено во Кина, изјавија извори за Ројтерс. Истрагата започна во 2018 година, јавуваат американските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…

Бајден вети 200 милиони долари за Украина…

Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…