Објавено на:

Албански специјалци упаднаа во иранскиот камп во Драч: 35 лица се повредени, еден почина!

t

Најмалку 35 лица беа повредени, додека еден Иранец загина под сè уште неразјаснети околности, кога албанската полиција и специјалните сили упаднаа во кампот на контроверзната иранска организација Муџахедин е-Калк во близина на Драч.

Полициската акција е насочена против терористички акции и сајбер криминал, според наредбата на Специјалниот суд во Тирана.
Албанската полиција упадна во седиштето на организацијата Муџахедин е-Калк, во која живеат околу 3.000 Иранци, кои пред десет години завршија на брегот на Јадранското Море, по масовниот егзодус и конфликт со властите во Иран. При упадот дошло до тепачка на влезот и бил употребен солзавец.


Полицијата упадна во кампот на иранските прогонети по одлуката на обвинителството, кое констатира дека нивните активности се коси со одредбите од договорот од 2014 година, според кој тие биле сместени во Драч од хуманитарни причини.
Проблеми настанале при рацијата кога од членовите на оваа организација било побарано да ги предадат своите компјутери, што иранските дисиденти го одбиле и физички се пресметале со специјалците.


За време на конфликтот повредени се најмалку 35 лица, а претставници на организацијата Муџахедин е-Калк тврдат дека еден нивни член е убиен за време на полициската акција.
Албанската полиција, пак, тврди дека ова лице починало како последица на срцев удар, а неговото тело веднаш било пренесено во мртовечницата во Драч, каде причината за смртта ќе ја утврди специјална екипа која има во меѓувреме пристигна од Тирана.
За жал, оваа група не се однесуваше согласно одредбите од договорот од 2014 година“, соопшти албанското Министерство за правда.


Членовите на иранската организација пристигнаа во Албанија во 2013 година по интервенција на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, кој побара засолниште за нив по серијата судири со припадниците на Револуционерната гарда во Ирак.
Целта на организацијата Муџахедин е-Калк е да ја собори владата во Техеран.
Поранешниот албански премиер Сали Бериша, за време на чиј мандат иранските прогонети пристигнаа во Албанија, остро го осуди полицискиот упад во кампот во Драч, тврдејќи дека акцијата била извршена по директна наредба на премиерот Еди Рама.


„Ова е обичен бандитизам“, рече Бериша, тврдејќи дека со оваа акција Албанија ги прекршила клучните точки од договорот, според кои на Иранците им било дозволено да се засолнат во Драч.
Не е сосема јасно зошто токму албанската полиција упадна во овој комплекс, кој властите во Техеран го опишуваат како клучна точка во електронската војна што МеК ја води против Техеран.
Влијанието на Иран врз одлуката на владата во Албанија е исклучено, бидејќи Тирана, по серија сајбер напади врз институции и неколку сомнителни акции и протерување на ирански дипломати, ги прекина дипломатските односи со Техеран во септември минатата година, пренесува РТС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…

Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…