ВРАЌАЊЕ ВО 19 ВЕК! Бугарски здруженија ги поттикнуваат Македонците да пишуваат дека се Бугари во новоизмислената графа за етничка припадност – Се ветуваат и бугарски пасоши!

t

Неодамна беше донесено Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на одржување, заштита и чување на матични книги и документација кое го направи Министерството за правда отсега во изводите од матичните книги има и графа за етничката припадност, односно националност.

Претходно министерот за правда, Кренар Лога за оваа измена коментираше дека ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ, а за секоја можна злоупотреба на етничката припадност во постапка на вработување по етничкиот балансер ќе може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување.

Можност да профитираат од ова секако пронајдоа бугарските организации во земјава, кои сега ги убедуваат Македонците во официјалните документи ккао етничка припадност да наведат дека се Бугари, со што ќе се олесни нивниот пат до добивање на бугарски пасош.

Здружението „Фондација Македонија“ регистрирано во Бугарија, а кое делува во Македонија сега ја промовира идејата изводот од матична книга на родените во Македонија да може да се искористи како доказ за бугарско потекло со кое ќе може да се извади бугарски пасош.

-Според новиот закон можете да го обновите изводот на родените и на него пишува националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ти даде можност сигурно да добиеш бугарско државјанство, но ако на изводот ти пишува бугарско, дефинитивно треба да добиеш бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Масовно се вадат изводи од С. Македонија, во кои е напишана националноста на Бугарин. Чини 250 денари, порачаа од здружението.

Порака до Македонците да вадат бугарски пасоши упати и претседателот на ова здружение преку Фејсбук кој додаде дека се истражува можноста да се забрза издавањето на бугарски пасоши на лицата кои во официјалните документи во Македонија ќе наведат дека се Бугари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…