Нуланд “им нареди” на Косово и Србија веднаш да ги спроведат потпишаните договори и да ја деескалираат ситуацијата
Американскиот потсекретар за политички прашања Викторија Нуланд ги повика Белград и Приштина веднаш да започнат со спроведување на обврските од Охридскиот договор и изјави дека Америка го поддржува планот на ЕУ за решавање на кризата во северно Косово.
Нуланд по средбата со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, на Твитер ги повика двете страни да ги деескалираат тензиите.
-„Го поздравив мојот стар пријател, специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак. Ги повикуваме Косово и Србија веднаш да ги деескалираат тензиите и да започнат со спроведување на обврските од Охрид. Продолжуваме да го поддржуваме планот од три точки на ЕУ како најдобар начин за решавање на кризата “, напиша на Твитер Нуланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…