Објавено на:

Град Скопје ги заврши градежните работите на улицата Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари

t

Денес се завршија градежните работите на крак 38 на улицата Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари.

По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, успешно го реализираа овој проект, при што жителите на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот.

Град Скопје, планира на овој потег со меѓуопшитнска соработка со Општината Шуто Оризари да отпочне со градежни активности и на краците 40 и 50 што се од витално значење за граѓаните чие барање се реализира по 30 години.

Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски го повика Вашингтон да ја одобри…

Во текот на минатата недела, Русија ја…

Тотален колапс: Луѓето со куфери имаат уште…

Луѓе со куфери, ранци и пластични кеси…

Ед Милибанд не ја исклучува можноста Велика…

Враќањето на Велика Британија во Европската Унија…

„Сејф сити“ во потрага по убиецот кај…

Истрагата за убиството на 38-годишниот маж кај…

Кривична за татко: Се обидел да го…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…