Според Камбовски Бугарите веќе се внесени во Уставот

t

Потребен е дијалог во кој ќе провладеат разумни аргументи. Не можеме во периодов да се водиме од страсти или стравувања, околу едно прашање кое не заслужува да предизвика таква бура во чувствата на луѓето, рече денеска академикот Владо Камбовски за уставните амандмани.

Како што вели, со иницијативата за внесување на Бугарите во Преамбулата, тропаме на отворена врата, бидејќи тие веќе се внесени во Уставот како заедница.

-Во Преамбулата постои клаузула која зборува „и за други народи и заедници“. Во посебните одредби за правата на припадниците на заедниците, постои потполна изедначеност на сите заедници, било да се признати или не, рече Камбовски, пред конференцијата на тема: „Забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици и приоритети“.

Тој истакна дека е важно низ еден разумен дијалог, без политички калкулации и манипулирање и непотребен популизам, да се дебатира со аргументи во однос на чувствителни прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува…

„Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето…

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…

Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…

Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…

Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…

Гаши: Промена на Уставот што побргу, но…

Новиот спикер на Собранието Африм Гаши вели…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…