Tелефонски разговор на Ковачевски со новиот премиер на Бугарија, Денков
Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево имаше телефонски разговор со новиот премиер на Република Бугарија, Николај Денков, кому му го честиташе мандатот посакувајќи му успешна работа на новоизбраната Влада што ја предводи.
-Во разговорот е изразено очекување од двете страни за добра меѓувладина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи. Разговарано е за важноста од промоција на позитивната реторика којашто придонесува во меѓусебната доверба, како и од продолжување на динамиката во билатералната агенда и средбите меѓу министрите во владите кои ќе придонесат кон постигнување резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните, информира владината прес-служба.
Како што е наведено во соопштението, з„аедничка е оценката дека е потребна конструктивност во пристапот и понатамошната соработка, за коешто постои увереност и кај двајцата премиери дека го очекуваат и граѓаните на Северна Македонија и Бугарија, но и регионот, Европската Унија и меѓународните партнери“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…
Денес СДС најави протест во Охрид каде…
Дијана Хрка: Очекувам да се утврди одговорност…
Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој…
Се урна воен авион на Војската на…
Во близина на населените места Нова и…
Предложен притвор за семејно насилство во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…
Тешко повреден е македонски државјанин во Италија…
Македонски државјанин (57) во Италија е тешко…