Седум години по Брегзит расте бројот на Британци кои сакаат ново приклучување кон ЕУ
Седум години по референдумот за Брегзит, бројот на Британци кои сакаат повторно да се приклучат на Европската унија е на највисоко ниво од 2016 година, покажува истражувањето на агенцијата Југов.
Според извештаите, 58,2 отсто од испитаниците сега би гласале за повторно приклучување кон Унијата, пишува Гардијан.
Рекорден процент од Британците сметаат дека е малку веројатно другите земји да го следат примерот и да ја напуштат Европската унија во следната деценија.
42 отсто рекле дека е малку веројатно, што е помалку од 26 отсто пред три години, додека 40 отсто рекле дека е веројатно, што е намалување од 58 отсто.
Од друга страна, мнозинството граѓани (51 процент) од земјите-членки сметаат дека е малку веројатно Велика Британија повторно да се приклучи на Унијата, пренесува Танјуг.
Во исто време, истражувањето покажува дека ниту земјите со најголем евроскептицизам не би гласале за излез од Европската унија, па така во Франција и Италија 62 и 63 отсто од испитаниците изјавиле дека би гласале за останување во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австралија не разговара со ЕУ за придружно…
Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
ЕУ најавува план за забрана на социјалните…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…