Објавено на:

Рама смета дека реториката на Вучиќ и Курти води кон вооружен судир!

t

Албанскиот премиер Еди Рама изрази загриженост за состојбата на северот на Косово и предупреди дека “реториката на лидерите на Косово и Србија го води северот кон вооружен судир меѓу српските групи и специјалните сили на косовската полиција”.

Според него доколку се случи вооружен конфликт дури и за три часа, тогаш целиот балкански регион ќе направи многу чекори назад.

 Се наоѓаме во услови кога деградацијата на ситуацијата на северот каде што препукувањата меѓу двајцата лидери, Курти и Вучиќ, од час во час се зголемуваат во сериозен ризик од фатален вооружен судир меѓу групите кои дејствуваат на северот на Косово и безбедносните сили, што би било катастрофа во која меѓу нив би бил вмешан и КФОР, рекол Рама, јави Еуроњуз Албанија.

Тој оценува дека судирот кој би траел и три часа, а не три дена или три недели, би се покажал фатален за се што е направено овие години, со напори и иницијативи на Западен Балкан под капата на Берлинскиот процес.

Драматичното враќање на целата иднина на регионот, не може да стане заложник на политичката игра ниту на оние во Косово, ниту на оние во Србија. Нашите земји и нашите народи ширум Балканот имаат сосема поинаков момент и сосема поинаков пат од оној по кој оди ќорсокакот на Северот, рекол Рама, додавајќи дека ќе стори се за да се избегне најлошото.

Тој претходно изјави дека испратил писмо до францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот Европскиот совет Шарл Мишел во кое ја нагласил неопходноста од реализација на француско-германскиот план, со поддршка на САД

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…