Објавено на:

Вработени во Министерството за одбрана барале поткуп за да влијаат на конкурс за прием на офицери- Фатени при предавање на средствата

t

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело –  Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена обвинителството веќе поведе постапка, а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот.

Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој и кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000-4.000 евра. Се договориле паричните средства оштетениот да и ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…