Градоначалникот на Моксва воведе „антитерористички мерки“ во главниот град на Русија
Градоначалникот на Моксва, Сергеј Собјанин, воведе „антитерористички мерки“ во главниот град на Русија, поради ескалацијата на конфликтот меѓу руската армија и платениците на групата „Вагнер“.
Собјанин утринава на својот канал на Телеграм напиша дека на улиците веќе е воведена зголемена контрола на сообраќајот. Можни се и ограничувања на масовни настани, додаде тој.
„Како резултат на добиените информации, во Москва се спроведуваат антитерористички мерки за зајакнување на безбедноста“, напиша Собјанин. Тој побара разбирање од повеќе од 13 милиони жители на метрополата.
За зголемени безбедносни мерки на Телеграм напиша и гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов. Воробјов ги повика луѓето, доколку е можно, да се воздржат од патување со приватни автомобили кон јужна Русија, каде што ситуацијата е особено напната во моментот.
Шефот на приватната армија на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, синоќа го обвини руското воено раководство дека нападнало камп на неговите платенички трупи со артилерија, хеликоптери и ракети, при што убиле многу негови луѓе. Тој потоа се закани дека ќе го исчисти военото раководство на Русија, велејќи дека има 25.000 луѓе под своја команда.
Пригожин утринава кажќа дека неговите сили ја презеле контролата врз воените објекти во јужниот руски град Ростов-на-Дон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Андоновски: Ниту еден дата-центар нема да има…
На денешната седница за пратенички прашања во…
Изречена казна за скопјанецот кој исфрли градежен…
Казнет е скопјанецот кој бил снимен како…
Облачно и постудено време со дожд –…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…