Русија ја задржува контролата над тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија
Русија ја задржува контролата врз тактичкото нуклеарно оружје што ќе биде распоредено во Белорусија, објави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласувајќи дека тоа е во согласност со меѓународните обврски.
„Тоа на никаков начин не прекршува ниту една меѓународна обврска, вклучително и обврските од Договорот за неширење нуклеарно оружје“, изјави Лавров за белоруската телевизија ОНТ.
Министерот за надворешни работи посочи дека Руската Федерација ја задржува контролата врз оружјето што ќе биде распоредено на територијата на Сојузната држава, со што се обезбедува исполнување на обврските.
Претходно, директорот на вториот оддел за земјите од ЗНД на Министерството за надворешни работи на Русија, Алексеј Полишчук, изјави дека договорот за присуство на руско тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија не вклучува временска рамка.
Според зборовите на рускиот лидер Владимир Путин, руското оружје ќе биде распоредено во Белорусија веднаш откако ќе бидат готови капацитетите за нив – на почетокот на јули оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…
Во Полска на 20 ноември експлодирале три…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…